Новости за проектот

Прв офлајн P.E.rfect состанок

Во периодот 23-26 март 2023 година, во Даблин (Ирска) се одржа првиот офлајн проектен состанок на иновативна акција, чија цел е да ги зајакне спортските експерти во училишниот систем, кои работат со деца и млади од аутистичниот спектар.
337565319_2869583516509890_6891208748426654758_n

Обука за управување со аутизам и однесување за училишните наставници по физичко образование (ф.о.) е иницијатива кофинансирана од Еразмус + (2022-2-IE01-KA220-SCH-000100336), која има за цел да влијае на подобро вклучување на учениците со нарушувања од спектарот на аутизам во училиштата и во спортот. Со обука на наставници по ф.о., овој проект ќе влијае на нивните клучни компетенции за работа со ученици со аутизам и обуката на група на  наставниците ќе имаат големо влијание врз другите наставници по ф.о. во секоја земја партнер. Се очекува овој проект да има влијание врз подигање на свеста за спортски активности на лицата со аутизам во ЕУ.

Главните цели на проектот P.E.rfect се:

– Да се идентификуваат празнините и да се мапираат тековните добри практики поврзани со физичкото образование на учениците со аутизам во основните училишта;

– Да се развие модел на комбинирана програма за обука и материјали за наставниците по физичко образование, обезбедувајќи им вештини за ефективно поддршка на вклучувањето на учениците со аутизам и, исто така, ефективно управување со несоодветното однесување на учениците;

– Да се изврши пилот-тестирање на развиените материјали и програма за обука на наставниците по физичко образование од земјите партнери и да се оцени нивната соодветност и ефективност и нивното влијание;

– Да се сподели програмата, алатките и материјалите со засегнатите страни и да се дадат препораки до националните креатори на политики низ Европа и на Балканот.

Очекуваните резултати на P.E.rfect се:

  1. Едукативниот пакет „P.E.rfect“ кој вклучува наставна програма, Прирачник за наставници по физичко образование и Прирачник со алатки, сите меѓусебно поврзани.
  2. Платформа за е-учење на која ќе бидат поставени исходите од иницијативата за да се користат од обучувачи кои ќе обучуваат наставници по физичко образование. Платформата за е-учење ќе работи и како онлајн отворен образовен извор за сите заинтересирани страни.
  3. Збир на курсеви за е-учење, ќе обезбеди обука за обучувачите за стекнување на знаења, вештини и компетенции за обука на наставниците од основно училиште и физичко образование, за пристапи на настава базирани на докази (врз основа на ABA, TEACCH и сензорна интеграција) да ги води и поддржува децата со аутизам и да им помогне да се интегрираат во редовната училница.
  4. 18+5 обучени тренери (3 од секоја земја + минимум 5 на локално ниво), за тоа како да обучуваат наставници од училиштата по физичко преку користење на Едукативниот пакет и платформата за е-учење
  5. 30+5 наставници од основните училишта (5 од секоја земја + минимум 5 на локално ниво), обучени од обучувачи на Едукативниот пакет и преку платформата за е-учење
  6. Мултипликативни настани за промоција на проектот,  интелектуални аутпути од проектот и неговите резултати меѓу обучувачите, менторите, академиците, наставниците по физичко образование, поединците со аутизам, нивните семејства и старателите, организациите вклучени во поддршка на лица со аутизам, истражувачите, креаторите на политики и реформаторите и релевантните засегнати страни.

P.E.rfect е европска соработка на 7 земји, вклучувајќи ги следните партнери: Институт за студии за социјална инклузија, различност и вклученост (INSIDE), Ирска; Сина Светулка, Република Северна Македонија; Вимодо, Кипар; Бугарска асоцијација за развој на спортови, Бугарија; АЦД Ла Хоја, Шпанија; Масарикова универзитет, Чешка; Основно училиште со одделенија за интеграција, Полска.